Утрински Весник
Свет

Најмалку шестмина загинати а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во провалија на излезот од Киркларели.

dobivaj vesti na viber

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.

На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.

Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во провалија во областа Лулебургаз.

Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.

Можете да прочитате

Украина изврши нови напади врз логистички центри на „Вајлдберис“ во Русија, има повредени

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели