Утрински Весник
Свет

Најмалку петмина загинати во експлозија во регионот Баго во Мјанмар

Најмалку петмина загинати во експлозија во регионот Баго во Мјанмар

Најмалку пет лица, меѓу кои тројца поранешни полицајци и пратеник, се убиени во експлозија во регионот Баго во Мјанмар, објави порталот за вести „Мјанмар нау“, повикувајќи се на свои извори.

„Колку што знам, експлозијата се случила кога отвориле пакет“, вели извор кој сакаше да остане анонимен.

Четвртиот поранешен полицаец, наводно, е критично повреден и е пренесен во болница.

Според „ Мјанмар нау“, силната експлозија погодила куќа во селото Зи Оке, во која се криеле полициските дезертери и пратеник од Националната лига за демократија по воениот удар во февруари. Петтата жртва на експлозијата е сопственик на куќата.

На 1 февруари, војската во Мјанмар ја собори цивилната влада и прогласи вонредна состојба во траење на една година. Пучот предизвика масовни протести и беше пречекан со смртоносно насилство, што резултираше во смрт на неколку стотици луѓе.

 

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела