Утрински Весник
Магазин

Најголемиот подарок за 60. роденден на Антонио Бандерас е закрепнување од коронавирусот

Најголемиот подарок за 60. роденден на Антонио Бандерас е закрепнување од коронавирусот
Dik 300x250 mk

Актерот Антонио Бандерас се зарази со Ковид-19 минатиот август, неколку недели пред неговиот јубилеен 60. роденден, и иако неговата партнерка Никол Кимпел се погрижи да го одбележат денот, тој сметал дека не е вистинско време за голема прослава.

“Ние славевме затоа што секоја година од животот е повод за славење. Но, ова навистина не беше година за забави. Најголем подарок беше неговото брзо закрепнување,“ рече Никол.

Таа призна дека била исплашена за својот партнер и за евентуалните компликации од коронавирусот поради неговата возраст.

“Ги претрпевме истите сомнежи како и сите што го зафатија вирусот. На почетокот, вие сте исплашени затоа што не знаете колку лошо ќе ве погоди. Во случајот со Антонио, неговите главни симптоми беа силни болки во мускулите и замор, и тој добро се справи со болеста. Тој е многу силен човек и е во одлична физичка форма“ рече Никол.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нов пресврт во правната сага меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони: нејзината тужба останува, неговата падна

Хумус со тиква – 24info.mk

Животните навики на родителите пред бременоста влијаат врз здравјето на детето, тврдат белгиски лекари