Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Најважниот советник на грчкиот премиер поднесе оставка поради еден коментар

Грциja воведe нови мерки: бројот на луѓе што можат да ја преминат границата ограничен на 750
Dik 300x250 mk

Советникот на грчкиот премиер за национална безбедност, Александрос Дијакопулос, поднесе оставка поради еден коментар.Тој посочил дека Грција и попуштила на Турција во постојаниот судир меѓу двата соседи околу правата за пребарување на можен подводен гас и нафта во Источниот Медитеран.

Дијакопулос рекол дека неговите коментари, кои подоцна ги повлекол, „предизвикале забуна и создале проблеми“ за премиерот Киријакос Мицотакис и неговата влада, истакнувајќи дека тоа не е неговата намера.

Највисокиот советник на грчкиот премиер за национална безбедност, наводно, ја посрамотил владата во телевизиско интервју, велејќи дека турски брод успеал да спроведе истражување во областа, спротивно на официјалните тврдења на грчките власти дека грчките бродови успеале да го спречат тоа.

Изминативе 10 дена, грчки и турски воени бродови се наоѓаат помеѓу Крит,јужна Турција и Кипар, во водите во кои Анкара испратила бродови за истражување во потрага по можен подводен гас и нафта.Грција тврди дека има ексклузивни економски права на голем дел од морското дно што го истражува Турција и бара земјата да ги повлече бродовите и да ја прекине потрагата по подводен гас и нафта.

Анкара одби да го стори тоа, велејќи дека има право да ги истражува овие води.

Грчката опозиција тврди дека секој обид за нарушување на суверенитетот на земјата ќе доведе до остар одговор. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се обидува да избегне воен конфликт со неговиот сосед, а исто така се фокусира и на поддршката на членките на ЕУ и на другите земји во регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус