Утрински Весник
Магазин

Најбогатите Австријци загубија милијарди евра поради коронавирусот

Дополнителна поддршка за економијата од осум милиони евра за обртни средства и 50 милиони за заштита на ликвидноста
Ss2

Виена, 26 јуни 2020 (/) – Кризата поради коронавирусот сериозно ги погоди најбогатите луѓе во Австрија. Во оваа земја има 41 милијардер, а последиците од кризата врз цената на акциите и дивидендите, се бројат во милијарди евра.

На годишно ниво, нивните средства паднаа за девет отсто, или вкупно 15 милијарди – на 155 милијарди евра.

Ss1

Годинешниот список на 100 најбогати Австријци го предводат семејствата Порше и Пих, чие богатство се проценува на 34,8 милијарди евра. Тие изгубија 2,2 милијарди евра во однос на минатата година.

Основачот на Ред Бул – Дитрих Матешиц е веднаш зад нив со имот од 14,7 милијарди евра. Тој пак, претрпе загуба од околу милијарда евра.

Слични загуби претрпеа и другите 100 најбогати Австријци.  си/сд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат

Кечапот предизвикува покачување на притисокот и срцеви заболувања

Кинеска туристка правела селфи на вулкан во Индонезија, паднала во езерото и починала