Утрински Весник
Македонија

Наши истакнати личности во странство ќе добијат МКарта со која ќе добијат одредени бенефиции

Наши истакнати личности во странство ќе добијат МКарта со која ќе добијат одредени бенефиции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го претстави проектот МКарта, наменета за поединци со потекло од Македонија, како симболично признание за нивниот несебичен ангажман во насока на промоција на државата надвор од нејзините граници.

Како што појасни Османи, МКартата претставува признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и вистинска промоција на земјата во странство

„Како нивна родна земја сакаме да им изразиме благодарност, би рекол на симболичен начин – да им вратиме, да им ја компензираме нивната улога на промотори на земјава, преставувајќи нѐ како земја од која доаѓаат успешни и квалитетни луѓе.  Тоа се успешни доктори, научници, бизнисмени, културни работници итн., кои сакаме да ги привлечеме кон земјава, да им ја зајакнеме врската и да создадеме потенцијал за нивно поблиско вклучување во нашите општествени текови“, додаде тој.

Со картата ќе се добијат и одредени бенефиции, како слободен влез на културни настани, музеи и галерии, би се добило предност при аплицирање за проекти во рамките на програмите за соработка на Министерството за надворешни работи со поединци и здруженија надвор од Северна Македонија, олеснето регулирање на престој во државата и поддршка во случај на нови бизниси кои се ствараат и слично.

Османи кажа дека во соработка со други владини ресори, се работи на проширување на листата на погодности.

Министерот појасни дека е планирано детектирањето на таквите личности да го започнат дипломатско-конзуларните претставништва, а доделувањето ќе се реализира во строго предвидена процедура водена во рамките на Министерството за надворешни работи.

Можете да прочитате

Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира

(Видео) Нова епизода на подкаст Зрак со д-р Марина утре во 21.00 часот

За првпат после долго време – Воздухот во Скопје е чист