Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Нацрт заклучоци на ЕУ: Почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија

„Ден на европска соработка 2019“ во Битола
Img 7972

Брисел, 23 март 2020 (МИА) – МИА го објавува последниот нацрт заклучок на Советот на ЕУ кој треба да биде усвоен утре: ЕУ одлучува да започне преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Текстот на заклучоците, кои можат да претрпат мали промени по министерскиот состанок кој ќе се одржи утре, гласи: „откако го разгледа извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија од 2 март 2020, Советот го поздравува тоа што земјата покажа одлучност во напредокот на ЕУ агендата и испорача опипливи и одржливи резултати“.

-Со оглед на остварениот напредок и исполнувањето на условите поставени едногласно од Советот во јуни 2018, Советот одлучува да отвори преговори со Република Северна Македонија, се вели во текстот.

Одлуката треба да биде политички потврдена на Европскиот Совет в четврток.

Нацрт заклучокот предвидува првата Меѓувладина конференција да се одржи “што е можно поскоро“, без конкретен датум засега.

Советот нотира дека Европската Комисија ќе ја започне веднаш подготвителната работа, што подразбира поставување на преговарачка рамка.

Албанија, од своја страна, има сличен заклучок, но со неколку услови повеќе за одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

Министрите утре најверојатно ќе одржат видеоконференција поради пандемијата на Ковид-19, процедурално тоа може да го забави конечното носење на одлуката. тм/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму