Утрински Весник
Македонија

Националниот сојуз на глуви и наглуви обезбеди заштитни маски за членовите на здруженијата со поддршка на МТС

Националниот сојуз на глуви и наглуви обезбеди заштитни маски за членовите на здруженијата со поддршка на МТС

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија (НСГНРСМ) обезбеди голема количина на заштитни маски за повеќекратна употреба за глувите и наглуви лица во државата.

Од НСГНРСМ информират дека сите маски се со испечатено лого на сојузот, со цел маските да ги употребуваат само лицата за кои се наменети, а тоа се глувите и наглуви лица во државата.

– Маските се набавени со средствата од редовните дотации на Министерството за труд и социјална политика за Националниот сојуз на глуви и наглуви. Во тек е распределбата на заштитните маски низ осумнаесетте здруженија на глуви и наглуви кои ги има во повеќе градови во Република Северна Македонија. Првичната количина од 1.200 маски ќе се распредели на глуви и наглуви лица со пониски месечни примања на кои набавката на заштитната опрема би им преставувала дополнителна потешкотија, соопштуваат од Националниот сојуз.

Оттаму посочуваат дека за членовите на здруженијата набавени се и средства за дезинфекција на раце, како и средства за дезинфекција на просториите на Здруженијата на глуви и наглуви.

Националниот сојуз на глуви и наглуви најавував дека и во наредниот период во соработка со Министерството за труд и социјална политика ќе презема активности за заштита на здравјето на глувите и наглуви лица.фф/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност