Утрински Весник
Економија

Националната федерација на фармери против зголемување на акцизата за горива

Националната федерација на фармери против зголемување на акцизата за горива

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Националната федерација на фармери е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата, со цел како што е наведено од бизнисмените да се обезбедат дополнителни средства во државниот Буџет.

-Ние сметаме дека со ваквата одлука ќе бидат погодени земјоделските стопанства, кои во моментот извршуваат активна земјоделска работа на поле и тоа сигурно ќе доведе не само до поскапување на горивото, туку и на суровините за производство, средствата за заштита на растенијата, семиња кои се неопходни за производството. Во контекст на нашиот став сакаме да истакнеме дека треба да се земе во предвид фактот дека 180 000 семејства егзистират од земјоделството во Република Северна Македонија и 45 проценти од македонското население живее во рурални средини, кои зафаќаат 87 проценти од вкупната површина на државата, потенцира во пишана изјава Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.

Ова барање за зголемување на акцизата за горивата до владините институции е предложено од Стопанската комора, која,  наведува НФФ; го дава овој предлог гледано низ призмата на своите потреби и интереси, без да се погледне пошироката сликата и да се види штетата која ќе се направи на домаќинствата, земјоделските стопанства, малите и средни претпријатија, работничката класа, кои исто така на својот грб ги трпат негативните последици од настаната здравствена – економска криза во државата и тие најмногу се погодени од сиромаштијата. – Ваквите кризи ги втурнуваат луѓето во сиромаштија, така што доколку ваквата одлука е прифатена од Владата ќе се смета за политика, која придонесува за поттикнување на сиромаштијата, стои во соопштението.лв/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен