Утрински Весник
Свет

„Национализам на вакцини“

„Национализам на вакцини“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Развиените земји купија околу 60 отсто од вакцините произведени во светот и создадоа недостиг од овие препарати за земјите во развој, рече кинескиот државен советник и министер за надворешни работи, Ванг Ји, во интервју објавено на веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот, пренесува ТАСС.

Според кинескиот шеф на дипломатија, во целиот свет е воспоставен „национализам на вакцини“.

„Богатите земји со 16 отсто од светската популација дојдоа до 60 отсто од вакцините во светот. Некои развиени земји нарачаа колчества што ги надминуваат нивните популации за три-четири пати”, рече тој.

„Во исто време, ова јасно се спротивставува на фактот дека многу земји во развој наидуваат на сериозен недостиг од вакцини, многу држави имаат потешкотии да добијат дури и една доза“, забележа Ји. „Овој јаз во стапките на вакцинација меѓу развиените и земјите во развој во моментов станува тажна и жална реалност“, додаде тој.

Министерот истакна дека Кина помогнала во снабдувањето со вакцини во над 80 земји и три меѓународни организации, како и во извршување на комерцијалните испораки на вакви препарати во повеќе од 40 држави шиворум светот.

Во исто време Кина соработува со 10 земји во развојот и создавањето вакцини и има намера да основа регионални центри за нивно производство и дистрибуција низ целиот свет.

 

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп