Утрински Весник
Македонија

Научно-стручен собир „Академски такт за фоклорот и етнологијата“

Научно-стручен собир „Академски такт за фоклорот и етнологијата“

Битола, 11 март 2020 (МИА) – Македонско научно друштво-Битола објави јавен повик за учество со авторски трудови на Научно-стручен собир „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ кој ќе се одржи на 29 мај 2020 година.

Научниот собир е посветен на два јубилеи, 60 години од основањето на МНД-Битола и 50 години од одржувањето на првото издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

Од МНД-Битола информираат дека авторските трудови ќе бидат објавени во Зборник, а може да се пишува за состојбите, проблемите и перспективите во областа на фолклорниот аматеризам, истражување, зачувување, едукација, презентација и сценска валоризација на автохтоните, изворните содржини и изрази од богатото народно духовно и материјално културно наследство, пет децении Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“-Битола, Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ како генератор на живото егзистирање на народната култура, Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ – репрезентативна сцена за стручно и научно проучување на народната култура, фолклорот во 21-от век, академска едукација на нови ресурси од областа на етнографијата-состојби и перспективи, како и за младите и негувањето на македонскиот фолклор и традиција.

Стручно-научниот собир е поддржан од Министерство за култура во рамки на програмата за проекти од национален интерес во културата од областа на фолклорот за 2020 година, а рокот последен рок за аплицирање на јавниот повик е 20 март 2020 година. мт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема место за паника – најавена почесна артилериска стрелба во Скопје по повод Денот на Армијата

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата