Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Научниците тврдат: Како што стареете, мамурлакот е сè полесен

Научниците тврдат: Како што стареете, мамурлакот е сè полесен
Dik 300x250 mk

Ако мислите дека мамурлакот се влошува како што стареете, нова студија може да ве убеди во спротивното. Во текот на стареењето мамурлакот станува сè полесен бидејќи се намалува чувствителноста на болка.

Логично би било да мислиме дека колку се луѓето постари, потешко ги толерираат алкохолот и излегувањата надвор. Сепак, студија спроведена од Универзитетот во Утрехт, Холандија, тврди дека тоа не е така.

Во статија во Alcohol and Alcoholism Journal експертите велат дека како што се зголемуваат одговорностите на работа и во семејството, штетните ефекти од алкохолот и пиењето, всушност, се намалуваат.

Многу луѓе тврдат дека ги знаат своите граници кога станува збор за алкохолот, а експертите, од друга страна, тврдат дека тоа колку се чувствувате пијани може да биде добар показател за тоа колку сте мамурни.

„Тежината на мамурлакот се намалува со возраста, дури и кога контролирате колку пиете. Помладите возрасни групи имале најголем мамурлак и тој се намалувал како што старееле, а кај постарите возрасни групи мамурлакот бил многу мал или отсуствувал. Чувствителноста на болка опаѓа како што старееме и ова може да биде причина за намалување на јачината на мамурлакот“, велат експертите.

За да ги добијат овие резултати, експертите користеле анкета во Холандија. Од 761 учесник, 61 процент биле жени и сите биле на возраст меѓу 18 и 94 години. Експертите проценувале податоци кај оние што пиеле алкохол најмногу и најчесто во текот на двомесечен период.

Откриле дека помладите генерации пијат повеќе алкохолни пијалаци отколку постарите луѓе и дека мажите обично пијат повеќе од жените.

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него