Руските борбени авиони го нарушија воздушниот простор под контрола на НАТО минатиот петок.
Тие го пресретнале американски бомбардер Б52, кој летал на рута над данскиот остров Борхолм во Балтичко Море, беше објавено од заедничката команда на воздушните сили на НАТО во Рамштајн.
Руските пилоти сериозно го прекршија меѓународното право, се наведува, меѓу другото, во вчерашното соопштение од НАТО, објави Си-ен-ен.
На данската ескадрила веднаш ѝ била дадена тревога за брзи реакции да ги пресретнат руските авиони, кои, пред да се состанат со данските пилоти, веќе се вратиле во зоната на летови.
Островот Борнхолм се наоѓа во Балтичко Море, околу 90 километри источно од Копенхаген.
Руската армија објави дека нејзините патролни ловци СУ27 не го нарушиле данскиот воздушен простор, туку летале над неутралните води во Балтичкото Море со цел да го пресретнат американскиот бомбардер Б52, ги пренесе ТАСС зборовите на претставникот на руското Министерство за одбрана.
Инцидентот се случил во период на растечки тензии меѓу САД и Русија, која Пентагон ја обвинува дека интервенирала небезбедно и непрофесионално во неколку случаи.
„Овој инцидент е прв по неколку години, што укажува на тоа дека Русија почнала да применува различни форми на провокативно однесување. Американскиот бомбардер летал како дел од операцијата за летање над територијата на 30 членки на НАТО со цел да демонстрира солидарност во рамките на алијансата“, се оценува во соопштението на НАТО.
Рускиот СУ27 неодамна го пресретна американскиот Б52 над Црното Море, што американскиот државен секретар Мајк Помпео го опиша како неприфатливо однесување.