Брисел, 11 февруари 2020 (МИА) – НАТО очекува напролет Северна Македонија да стане членка на Алијансата. Тоа го изјави денеска претставничката на САД во НАТО, Бејли Хачинсон на брифинг во Брисел.
Истакна дека Протоколот се уште не е ратификуван во Шпанија, која пред извесно време доби Влада.
– Мислам дека до летото знамето на Северна Макеоднија ќе биде до другите 29 знамиња. Ќе бидеме среќни напролет да ја поздравиме Северна Македонија, изјави таа на брифинг.
Според неа, државата завршила огромна работа спроведувајќи неопходни реформи за да одговори на барањата на НАТО. зш/ац/