Утрински Весник
Свет

НАТО: Не гледаме воена закана за Финска и Шведска од Русија

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана, денеска изјави дека не гледа непосредна воена закана за Шведска и Финска од Русија и дека е убеден дека членките кои се стремат да се приклучат на Северноатлантската алијанса ќе можат да се приклучат и покрај противењето на Турција.

Финска и Шведска минатиот месец аплицираа за членство во НАТО како одговор на рускиот напад врз Русија, но беа запрени од Анкара, која ги обвинува дека ги поддржуваат и обезбедуваат засолниште за курдските милитанти и другите групи кои Турција ги смета за терористички, објави Ројтерс.

„Не гледаме никакви знаци од Русија дека има капацитет или намера да биде воено агресивна против овие две земји во овој момент. Можеме да го третираме овој период со зголемена претпазливост, но не гледаме реален воен ризик за Финска и Шведска. “, рече Генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана.

Можете да прочитате

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАДУРО ЗАД РЕШЕТКИ: Насмеан позира од затворот во Њујорк

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките