Утрински Весник
Свет

Насукани 270 китови на брегот на Тасманија, во тек е спасувачка операција на преживеаните

Насукани 270 китови на брегот на Тасманија, во тек е спасувачка операција на преживеаните

Најмалку една третина од 270 китови кои се насукаа покрај брегот на островот Тасманија во Австралија угинале, а тој број може да се зголеми.

Во понеделникот беше откриено масовно заглавување китови на плажата, а спасувачите веднаш дојдоа да спасат што повеќе животни.

Не е познато зошто толку многу китови се приближиле до брегот. Последното вакво насукување било забележано во 2009 година, кога на брегот заглавиле околу 200 китови, пишува Би-Би-Си.

Четириесет спасувачи ги вратиле преживеаните китови назад во подлабока вода за да заздрават.

„Ако покажат знаци дека се подобри, следниот чекор е да се испратат уште подлабоко“, рекоа спасувачите и објаснија дека заглавените китови можат да преживеат три до четири дена, а оние што преживеале досега се во добра состојба бидејќи биле на мокро и студено.

Иако ова е честа појава, научниците сè уште не знаат зошто китовите се заглавуваат. Тие веруваат дека тоа го прават во толку големи групи затоа што се поврзани така што кога некој оди кон брегот, сите други одат по него.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд