Утрински Весник
Македонија

Наставниците од Општина Аеродром почнаа со вакцинација

Наставниците од Општина Аеродром почнаа со вакцинација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Наставниците од основните училишта во Општина Аеродром масовно се одзиваат на вакцинацијата против Ковид-19 што се спроведува во вакциналниот пункт во СЦ „Борис Трајковски“.

Оваа фаза од вакцинацијата ги опфаќа наставниците од прво до трето одделение, кои веќе извесен период спроведуваат настава со физичко присуство и вршат воспитно-образовна дејност во исклучителни услови, а во наредниот период ќе бидат вакцинирани и наставниците што спроведуваат онлајн-настава, како и техничкиот персонал на училиштата.

„Многу сум задоволен што наставниците се одзиваат во голем број и со тоа покажуваат грижа не само за своето здравје туку и за здравјето на учениците и на нивните семејства. Им благодарам за одговорноста и за грижата за новите генерации“, порача градоначалникот Златко Марин.

Можете да прочитате

Неколку претседатели на општински ограноци на СДСМ поднесоа оставки

СДСМ: Власта се заканува со кривични пријави за да нѐ замолчи

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко