Утрински Весник
Македонија

Настава без мобилни телефони во училиште во Аеродром 

Настава без мобилни телефони во училиште во Аеродром 

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) –  Општинското основно училиште „Александар Македонски“ во соработка со Советот на родители донесе одлука за забрана на употребата на мобилни телефони за време на часовите.

– За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот. Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес. Ги поттикнуваме и другите училишта во општината да ја применат оваа практика, соопшти Општина Аеродром. хс/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер