Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Наследникот на Иринеј заболен со коронавирус, денеска служел литургија

Наследникот на Иринеј заболен со коронавирус, денеска служел литургија
Img 7972

Српската православна црква (СПЦ) соопшти дека митрополитот дабробосански Хризостом бил примен во белградска болница поради коронавирус.

„Нова.рс“ пишува дека Хризостом станал поглавар на Синодот на Српската православна црква по смртта на патријархот Иринеј, и тој треба да остане таму до изборот на нов поглавар.

Во соопштението на Српската православна црква не се даваат детали за здравствената состојба на митрополитот, кој претходно денес служеше литургија во патријаршијата во Пеќ во Косово, престолот на српските патријарси.

Митрополитот ја водеше церемонијата за покојниот Иринеј во Белград.

Патријархот Иринеј почина минатиот месец од последици од коронавирусот. Тој се зарази на погребот на црногорскиот митрополит Амфилохије, кој, исто така, почина од коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа