Утрински Весник
Магазин

Наскоро филм за снимањето на култниот „Кум“

Наскоро филм за снимањето на култниот „Кум“

Oскар Ајзак и Џејк Гиленхал ќе глумат во филмот „Франсис и кумот“ под палките на славниот режисер на „Дождниот човек“ и „Добро утро, Виетнам“, Бери Левинсон.

Филмот е за тоа како настанал и како се снимал еден од најдобрите филмови на сите времиња, The Godfather.

Aјзак ќего игра ликот на Френсис Форд Копола, а Гиленхал ќе биде продуцентoт Роберт Еванс (легендраниот шеф на студиото „Парамаунт“), пренесува порталот „Дедлајн“.

Базиран на романот на Марио Пузо, „Кум“ стана еден од најголемите филмови во историјата на киното, и ги надмина бројните расправии меѓу Копола и студиото „Парамаунт“ во врска со буџетот, локацијата и кастингот, а Копола мораше да се бори за да ги добие Марлон Брандо и Ал Пачино . Двајцата донесоа иконски актерски перформанси со ликовите на Вито и Мајкл Корлеоне.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Купола за автономен живот на Марс ќе биде претставена на првите вселенски игри во Русија

Италија предлага мерки против зависност од социјалните медиуми

Нов тренд кој го менува начинот на кој го започнуваме денот