Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Населените местa Камењане и Боговиње ќе добијат канализациона мрежа

Населените местa Камењане и Боговиње ќе добијат канализациона мрежа
300x250 opst2

Претставници на Министерството за животна средина и просторно плaнирање на општина Боговиње и претставници на избраните изведувачи и надзор  одржаа состанок во Камењане за вовед во работите од проектот за изградба на канализациска мрежа во населени места Камењане и Боговиње во општина Боговиње.

Проектот со кој ќе се обезбеди систем за одведување на комунални отпадни води за двете населени места е проектиран како тригодишна активност.

Во населеното место Камењане канализациската мрежа ќе опфати 101 крак со вкупна должина од околу 23 километри. Вредноста на овој дел од проектот околу 123 милиони денари.

Канализациската мрежа во населено место Боговиње ќе опфати 85 крака со вкупна должина од 28 километри, а вредноста на овој дел од проектот е околу 143 милиони денари. На средбата е договорено во рок од 15 дена да се подготви Динамички план според кој ќе се реализираат изведбените работи.

Проектот е финансиран од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Можете да прочитате

Две лица од Трубарево уапсени во Аеродром поради палење кабли

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз нашата партија

СДСМ: Се бориме за нашиот дом, со нова енергија против неспособноста и расипништвото на власта