Утрински Весник
Економија

Народна банка до Костовски: Нашите надлежности престанаа на денот кога беше укината дозволата

НБРМ: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети
Dik 300x250 mk

Народната банка во соопштение реагира на денешниот јавен апел на Трифун Костовски, сопственикот на „Еусростандард банка“ да се повлече одлуката за стечај на банката.

„Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.

Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните“, велат од Народната банка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Зголемување на пензиите се очекува и следната година

Со еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал