Утрински Весник
Македонија

Народната банка очекува пад на цените на нафтата поради корона вирусот

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ

Народната банка во најновиот квартален извештај проектира намалување на цените на нафтата, пред се поради негативните ефекти од пандемијата од корона вирусот.

„Новите оценки за нивото на цената на нафтата се значително пониски во однос на октомвриските проекции, како одраз на очекувањата за намалена глобална побарувачка заради неповолните ефекти врз економската активност од ширењето на новата вирусна инфекција и очекувањата за поголема понуда на пазарот по неуспешниот договор помеѓу земјите членки на ОПЕК+ за зголемување и продолжување на мерката за ограничено производство“, се вели во извештајот.

Во него, се додава дека за 2020 година се очекува позначителен пад на цената од 38,4 отсто, додека за 2021 година тековните оценки упатуваат на помал пад од 1,6 отсто.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Во Охрид и Кичево водостоите зголемени, нема излевања

Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година

„Ничија земја“ на МНТ ја освои Будимпешта и предизвика емотивна дискусија со публиката