Утрински Весник
Македонија

Народен правобранител: Длабоко сочуство до семејствата на загинатите, очекуваме брза истрага

Народен правобранител: Длабоко сочуство до семејствата на загинатите, очекуваме брза истрага
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сочувство за загинатите во трагичната несреќа во Бугарија испрати Народниот правобранител.

„ Моментите кога се случуват вакви трагедии, се моменти кога сите ние остануваме без зборови, запрепастени од загубата на човечките животи. Потресните слики кои доаѓаат од местото на несреќата не прават тажни, а вестите дека згаснаа голем број на млади животи оставаат горчина.

Изразуваме длабоко сочуство до семејствата на загинатите патници, и воедно се надеваме на брза и ефикасна истрага, која само за миг ќе биде еден вид на утеха за згаснатите животи.

Ова е голема трагедија, која не погоди сите нас, кои најискрено жалиме за смртта на патниците“ додаваат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје