Утрински Весник
Свет

Наредена евакуација на неколку села поради пожар северозападно од Атина

Наредена евакуација на неколку села поради пожар северозападно од Атина

Стотици грчки и полски пожарникари сè уште се борат, четврти ден по ред, со пожар што зафати борова шума северозападно од Атина, а издадена е наредба за евакуација на неколку села во таа област.

Пожарот кај селото Вилија, на околу 60 километри од Атина, веќе изгореа илјадници хектари борова шума, а напорите во гаснењето може дополнително да се комплицираат со силниот ветер што беше најавен за денеска.

Противпожарната служба објави дека 427 пожарникари, од кои 143 од Полска, заедно со 149 возила се борат да го изгаснат пожарот.

Стотици пожари избија овој месец низ цела Грција која беше погодена од најдолгиот и најтешкиот топлотен бран регистриран во последните децении.

Можете да прочитате

Нема Нобел, тогаш заборавете на мирот: Трамп со скандалозно писмо до норвешкиот премиер

Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Најмалку 11 луѓе загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан