Неапол, 11 јуни 2020 (МИА) – Наполи му понуди на напаѓачот Хозе Калехон нов договор, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Според изворот, неаполитанците му нудат на 33-годишниот Шпанец нов договор за период од 2 години. Претходно беше објавено дека самиот фудбалер сака да се врати во својата татковина. За него е заинтересирана Валенсија.
Во сезоната 2019/20, Калехон има два гола и девет асистенции на 32 натпревари за Наполи. Договорот на Шпанецот со италијанскиот клуб важи до крајот на јуни 2020 година. зс/