Утрински Весник
Свет

Напаѓачот во Вокеша излегол од затвор пред нападот

Напаѓачот во Вокеша излегол од затвор пред нападот
Dik 300x250 mk

Со кауција, непосредно пред нападот, бил ослободен од затвор осомничениот за смртта на пет лица во американскиот град Вокеша. Бил затворен поради семејно насилство.

Тој се товари дека со камионет намерно удрил во група луѓе и повредил повеќе од 50 лица.

Осомничениот Дарел Брукс (39) е уапсен во близина на местото на нападот во неделата во Вокеша врз основа на пет точки од обвинение за убиство од прв степен. Покрај петте жртви, на возраст од 52 до 81 година, повредени се уште 48 лица, меѓу кои и шест деца кои се хоспитализирани во критична состојба, соопштија локалните власти.

 

Можете да прочитате

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин