Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи
Img 7972

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн.

И двајцата се здобиле со повреди опасни по живот за време на нападот на плоштадот Беркли, во предградието на Бранзвик, кој бил извршен нешто после осум часот наутро, и тие биле пренесени во болница во стабилна состојба, пренесува британскиот весник „Гардијан “.

„ Прво слушнавме само врескање, но не обрнувавме многу внимание на тоа, но потоа рече бегај, има некој со нож!“ изјави работник во месарница, што се наоѓа во близина на нападот.

Тој и другите работници се засолниле во задниот дел на продавницата, пред полицијата да ги евакуира половина час подоцна.

Очевидци на настанот велат дека трговскиот центар бил евакуиран и дека сите вработени останале затворени во своите продавници.

Еден маж бил уапсен на лице место и со повреди бил пренесен во болница.

Полицијата изјави дека не бара ниту едно лице и дека нема закана за заедницата.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа