Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Напад со нож во Кина, убиени најмалку седум луѓе

Напад со нож во Кина, убиени најмалку седум луѓе
300x250 opst2

Најмалку седум лица загинаа, а седум се повредени во напад со нож во североисточна Кина, објавија денеска државните медиуми.

Нападот во градот Каихуан во провинцијата Лиаонинг се случил пред сауна, пренесува АП.

Осомничениот, кого медиумите го идентификуваа само со презимето Јанг, беше уапсен, а мотивот за нападот сè уште не е познат.

Кинеските закони забрануваат поседување огнено оружје, па масовните напади се вршат претежно со нож или домашни експлозивни направи.

Во јуни, чувар на училиште избоде најмалку 39 лица во градинка во јужниот регион Гунагси, за што беше осуден на смрт.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот