Утрински Весник
Свет

Напад со нож во градинка во Кина: Најмалку тројца загинати, шестмина повредени

Најмалку три лица загинаа, а шестмина се повредени денеска во напад со нож во градинка во југоисточната кинеска провинција Џиангкси, јавуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Напаѓачот со качулка и маскиран упадна во приватна градинка во округот Анфу околу 10 часот по локално време“, соопшти локалната полиција на Веибо, кинеска социјална мрежа слична на Твитер.

Полицијата соопштила дека 48-годишниот осомничен се уште е во бегство, пишува „Al Аrabya News“.

Засега не е соопштена возраста на жртвите.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа