Утрински Весник
Свет

Напад во црква во Јужна Африка – петмина убиени по заложничка драма

Напад во црква во Јужна Африка – петмина убиени по заложничка драма

Пет луѓе се убиени во вооружен напад на јужноафриканска црква. Според информациите од полицијата, нападот следел по расправија околу раководството на црквата.

Јужноафриканската полиција соопшти дека спасила мажи, жени и деца од „заложничката ситуација“ на периферијата на Јоханесбург.

Портпаролот на полицијата рекол дека четворица луѓе биле најдени застрелани и запалени во автомобил, а застрелан бил и човек од обезбедувањето.

Уапсени се најмалку 40 лица, а запленето е и оружје. 16 пушки и 13 пиштоли, заедно со друго оружје, биле пронајдени во црквата.

Меѓународната Пентекостална света црква има три милиони членови во Јужна Африка.

Раководството на црквата, наводно, било причина за судир, откако поранешниот водач починал во 2016 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Протести во Ирска: Блокирани патишта поради високите цени на горивата

Иран се заканува со повлекување од примирјето и повторно го запре сообраќајот во Ормуската Теснина

ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети, но економските ефекти се краткотрајни