Утрински Весник
Свет

Нападнат хуманитарен коридор од Мариупол – Русија држи како заложници 300.000 цивили

Нападнат хуманитарен коридор од Мариупол – Русија држи како заложници 300.000 цивили

Украинскиот министер за надворешни работи на Твитер напиша дека бил нападнат хуманитарен коридор од Мариупол до Запорожје.

Тој рече дека Русија држи 300.000 цивили како заложници.

„Русија држи 300.000 цивили како заложници во Мариупол, спречувајќи хуманитарна евакуација и покрај договорите со посредство на МКЦК. Вчера едно дете почина од дехидрација!

Воените злосторства се дел од намерната руска стратегија. Ги повикувам сите земји јавно да бараат: Русија, пушти го народот! – објави Кулеба.

Можете да прочитате

ОН предупредуваат на поголемо глобално затоплување дури и во најдоброто сценарио

Папата Лав првпат се појави во јавност по операцијата на рак

Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас на Франција, насилството е поврзано со имиграцијата