Утрински Весник
Свет

Нападната белоруската амбасада во Лондон, тешко повреден дипломат

Нападната белоруската амбасада во Лондон, тешко повреден дипломат

Белорусија денеска соопшти дека нејзин дипломат е тешко повреден за време на инцидент во амбасадата на земјата во Лондон, кога група луѓе ја оштетиле фасадата на зградата пред физички да нападнат неколку белоруски дипломати.

Во соопштението објавено на веб-страницата на белоруското Министерство за надворешни работи се наведува дека министерството поканило британски дипломат на разговор во знак на протест поради инцидентот што се случил во неделата вечерта и дека ќе побара истрага во однос на истиот, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Топлотен бран беснее низ Европа: Црвен аларм во Британија

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа