Утрински Весник
Магазин

Наоми Кембел сама ќе ја подига новородената ќерка

Наоми Кембел сама ќе ја подига новородената ќерка

Наоми Кембел, наводно, своето новороденче ќе го подига како самохрана мајка.

51-годишната манекенка минатиот месец откри дека ѝ посакала добредојде на свет на женско бебе. Тогаш се шпекулираше дека тие ќе живеат во Њујорк заедно со мистериозен партнер, но сега некои таблоиди пишуваат дека Наоми го прифаќа мајчинството сама и дека ја прекинала врската со партнерот.

Извор близок до кралицата на модните писти изјави за весникот „Мејл он Сандеј“: Таа сама ќе го расте бебето без ничија поддршка.

„Пријателка на Наоми беше кај неа минатата недела за да ѝ помогне со бебето. Нејзиното мистериозно момче не се споменува веќе подолго време.“

“Таа сакаше бебе повеќе од 10 години. И секој што е изненаден од веста дека Наоми има бебе, не ја знае Наоми Кембел. Таа редефинира сè што некогаш ќе допре,“ рече инсајдерот.

Легендарната манекенка неодамна на својот Инстаграм-профил објави дека за првпат станала мајка, и своите фанови ги израдува со фотографија на која ги држи стапалата на новороденчето. „Овој прекрасен мал благослов ме избра да бидам нејзина мајка.“

“Толку сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот. Нема зборови да ја опишам доживотната врска што сега ја споделувам тебе, мојот ангел. Не постои поголема љубов.“

Не е познато дали девојчето е нејзино биолошко дете, родено со помош на сурогат мајка, или можеби е посвено.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста