Утрински Весник
Спорт

Нанвивач починал на натпреварот Динамо-Севилја

Нанвивач починал на натпреварот Динамо-Севилја

Трагичен настан на јужната трибина на стадионот „Максимир“ во Загреб, го обележа синоќешниот натпревар на Динамо Загреб и Севилја во Лига Европа.

Динамо победи со 1:0, со голот на Мислав Оршиќ од пенал, но не успеа да се пласира во осминафиналето.

Во текот на натпреварот, му се слошило на еден навивач на јужната трибина. Лекарите експресно реагирале, му укажале помош, бил префрлен во болница каде починал.

Трагичниот настан по натпреварот го потврдил тренерот на Динамо, Жељко Копиќ, кој упатил сочувство до семејството на навивачот.

> Нанвивач починал на натпреварот Динамо-Севилја <

Можете да прочитате

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мудијалот 2026

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења