Утрински Весник
Спорт

Намалувањето на платите во Англија ќе удри на здравствениот систем

Премиер лига ќе нема ниту во мај

Лондон, 5 април 2020 (МИА) – Здружението на професионални фудбалери во Премиер лигата го доведе во прашање повикот на лигата за намалување на платите од 30 отато, како резултат на кризата со КОВИД-19, велејќи дека намалувањето на месечните финансиски плати ќе ги ограничи приходите за Националната здравствена служба (НХС).

Претставници на 20 фудбалери во Премиер лигата и директори на ПФА се состанаа со Премиер лигата за да разговараат за ова прашање. Клубовите се договорија во петокот да се консултираат со играчите за евентуално намалување на платите од 30 отсто. Разговорите во саботата не беа дефинирани како преговори и не се очекуваше одлука, но ПФА издаде изјава со која ја доведува во прашање логиката на позицијата Премиер лига.

– Играчите се свесни дека комбинираните даноци од нивните плати се значаен придонес за финансирање на важни јавни услуги, кои се во особено критична состојба во овој момент. Намалувањето од 30 отсто на финансискиот надоместок ќе чини многу за НХС и другите услуги финансирани од владата, се вели во синоќешното соопштение.

Здружението на професионални играчи додаде дека предложената редукција од 30 отсто за период од 12 месеци ќе изнесува повеќе од 500 милиони фунти во намалени плати и даночни загуби од повеќе од 200 милиони за владата.

– Каков ефект ќе има оваа загуба врз НХС за владата? Дали ова беше дискутирано од Премиер лигата и дали го предвиде министерот за здравство Мет Ханкок кога ги замоли играчите да им се намалат платите?, прашува ПФА во изјавата.

Здружението, кое првенствено е финансирано од телевизиските права, додаде дека играчите разговараат за тоа како можат да придонесат за глобалната криза.

– Сите играчи на ПЛ сакаат и ќе ја одиграат својата улога, придонесувајќи значително финансиски во овие невидени времиња. Сите играчи на ПЛ целосно ја ценат нивната улога и одговорности во општеството за време на тековната криза. Тие се загрижени за сите оние кои се ранливи и погодени од пандемијата, се додава во соопштението.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ