Утрински Весник
Македонија

Намален метежот на Водно поради засилените контроли

Намален метежот на Водно поради засилените контроли
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Со цел да се заштити планитата Водно од загадување и да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, комуналните редари и овој викенд вршеа засилени контроли и изрекоа шест казни за паркирање во зеленило, соопшти Град Скопје.

Бесплатниот автобуски превоз викендов го искористиле 1.200 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 77 возила според бројот на испратени СМС пораки. Жичницата работела со полн капацитет и превезени се околу 1.000 патници.

– Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено и спречување метеж од возила за време на викендите, Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, истакнаа од Град Скопје. см/са/ 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи