Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Намален бројот на работниците во индустријата

Намален бројот на работниците во индустријата
300x250 opst2

Бројот на работниците во индустријата во август бележи опаѓање во споредба со август 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август годинава, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 0.8  отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1.3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.2 отсто, Капитални производи за 6.1 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.6 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, изнесува 95.3.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата