Утрински Весник
Економија

Намален бројот на работниците во индустријата

Просечното искористување на деловните субјекти во мај 69,6 отсто

Скопје, 30 април 2020 (МИА) – Бројот на работниците во индустријата во март годинава, во однос на истиот месец лани е помал за 4.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во март бележи опаѓање во секторите: Рударство и вадење на камен од 1.6 %, Преработувачка индустрија од 4.8 % и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %, додека пораст од 0.3 % бележи кај Капитални производи.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, е помал за 3,6 отсто.са/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025