Утрински Весник
Македонија

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Намалено е нивото на реките во однос на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Како што соопшти УХМР, намалени водостои имаат реките Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, Лепенец, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Крива река кај Крива Паланка, Црна река кај Новаци, Црн Дрим и Сатеска, а речиси двојно пониско од просекот за мај е нивото на реката Струмица кај Ново Село,

Повисоко ниво од мајскиот просек има Треска кај Македонски брод и Бабуна кај Богомила.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со мајскиот просек. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

Денеска протестен марш за полагање правосуден испит на албански јазик

(Видео) Бројни полициски единици во селото Орел, дали е најдена Злата?