Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла на Попова Шапка, Ѓавато и Плетвар

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Намалена видливост, поради појава на магла, од 50 до 100 метри има на Попова Шапка и на планинските премини Ѓавато и Плетвар.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на планинските премини Ѓавато, Плетвар и Стража.

– За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб, се вели во соопштението.

Од АМСМ додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника