Утрински Весник
Македонија

НАкС ја поздрави одлуката на Владата, очекува да се стопира постапката за избор на ректор и Сенат

НАкС: Апсурдно е ректорот на УКИМ да се повикува на слободата на синдикалното здружување и отворено да застане зад префериран синдикат

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Независниот академски синдикат денеска преку соопштение ја поздрави одлуката на Владата за допрецизирање на членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, со кој сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапувањето во сила на оваа уредба, се ставаат во мирување.

Со тоа, според Независниот академски синдикат, повеќе нема правна дилема околу спроведувањето на изборите за ректор и Сенат на УКИМ. Очекуваат од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски да ги сопре постапите за избор на ректор и Сенат на УКИМ.

– Со оваа навремена и здраворазумна одлука на Владата се заштитуваат демократските принципи на универзитетите, но и здравјето на академската заедница. Со одлуката на Владата, реакцијата на Државната комисија за спречување на корупцијата, но и принципиелната реакција на Државниот трудов инспекторат, кој во јануари утврди нарушување на синдикалното здружување, се враќа надежта за поголема отчетност и респонзивност на институциите. Оттука, ги поздравуваме овие одлуки и ги охрабруваме и другите институции од областа на високото образование и науката да работат во заштита на јавниот интерес, се наведува во сооштението. бак/см/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер