Утрински Весник
Свет

Наезда на диви свињи во градовите во Канада

Dik 300x250 mk

Ако не ги спречиме, „супер свињите“ наскоро би можеле да ги нападнат градовите во западна Канада, предупредува канадската јавна телевизија Си-Би-Ес.

Станува збор за диви свињи, кои биле забележани на улиците на 28 градови и села во Алберта, провинција во западна Канада. Локалните власти во Ламонт ги повикаа граѓаните да внимаваат од можна инвазија на диви свињи.

Професорот по агрономија Рајан Брук вели дека и урбаните и руралните заедници во тој дел на Канада треба да се грижат за дивите свињи.

Откако во Ламонт биле забележани свињи скитници, граѓаните добиле порака која гласи: „ Бидете мирни и движете се полека. Не ги бркајте животни, не ги провоцирајте“.

Како што понатаму се наведува, не се работи само за диви свињи, туку за мешавини на диви и домашни свињи кои избегале од фармата, па се додава дека проблемот не е нов, туку изгледа дека сега ги има повеќе отколку порано.

Дивите свињи можат да тежат и до 150 килограми, а можат да поминат повеќе од 40 километри дневно.

Овие животни ги уништуваат посевите, ги загадуваат изворите на вода со тркалање во мочуриштата и носат болести кои можат да ги пренесат на домашните свињи. Поради нивната приспособливост, тие можат да живеат секаде, па се поблиску до градовите во Европа и Америка.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија