Утрински Весник
Свет

Над 900 илјади лица се вакцинирале против коронавирус во Србија

Над 900 илјади лица се вакцинирале против коронавирус во Србија
Dik 300x250 mk

Според последните податоци на српската Влада, 905.340 лица се вакцинирани против коронавирус во Србија.Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.

Во светот, Србија е на седмото место по бројот на вакцинирани на милион жители, по Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Бахреин. Србија е убедливо прва во регионот според вакцинациите на милион жители, потоа следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Албанија.

Според вкупниот број вакцинирани, Србија е втора во регионот, по Романија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пентагон соопшти за американски напад врз брод за шверц на дрога на Карибите, три лица се убиени

Регистрирано зголемување на манипулативните кампањи за дисквалификација на ЕУ

Дваесет и три жртви во пожар во северозападно Мексико