Утрински Весник
Свет

Над 560 пожари беснеат во Калифорнија, четворица пожарникари ги изгубија животите

Над 560 пожари беснеат во Калифорнија, четворица пожарникари ги изгубија животите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стотици активни пожари, главно предизвикани од громови последниве денови, уништија повеќе
од милион хектари во Калифорнија.Четворица пожарникари настрадаа при гаснењето на огнените стихии, јави Си-ен-ен.

Американскиот претседател Доналд Трамп одобри дополнителни средства за закрепнување од пожарите. Најстариот државен парк во Калифорнија е тешко оштетен од пожарот.

Додека повеќе од 12.000 пожарникари се борат во Калифорнија против 560 пожари, гувернерот Гевин Њусом рече дека побарал средства и поддршка не само од другите држави на САД, туку и од Канада и Австралија.

Гувернерот рече дека Австралија е земја на „најдобрите борци против пожарите во светот“.

„Загрижени сме за тоа што ќе се случи после неделава, доколку има уште повеќе удари на гром и пожари. Што ќе значи тоа за пожарникарите кои би можеле да бидат на првите линии во наредните две, три недели или дури и еден месец“, рече началникот на противпожарната бригада Лукас Спелман.

Една од причините за недостигот на ресурси е помалиот број затвореници кои обично помагаат во гаснење пожари, а сега беа ослободени од затворите поради пандемијата на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп