Утрински Весник
Свет

Над 40 степени измерени во неколку кинески региони

Во неколку кинески региони, вклучително и во југозападниот град Чонгкинг, кој има статус на провинција, биле измерени над 40 степени Целзиусови, а државната опсерваторија ги потсетува жителите дека црвеното предупредување за екстремна топлина сè уште е на сила во поголем дел од земјата.

dobivaj vesti na viber

Метеоролозите изјавиле дека источната провинција Жеџијанг, област со многу фабрики, го соборила својот претходен топлотен рекорд оваа година кога 31 последователен ден температурата била над 35 , а 16 дена беше над 38 степени.

Освен во градот и провинцијата Чонгкинг, каде во саботата биле забележани 42,1 степени, температурите надминале 35 степени и во провинциите и регионите Хубеи, Хунан, Шандонг, Анхуи, Ксинџијанг, Џиангкси и Фуџијан.

Се чинеше дека бурата со грмотевици го спаси Шангај од саботните 40,9 степени Целзиусови, но и покрај тоа, повеќето од 25-те милиони жители на овој кинески трговски центар се пожалија на здравствени проблеми поради топлотниот бран.

„Како да сте на параброд, навистина е жешко“, кажал 70-годишниот жител на Шангај, Шен Фенгминг. „Не мора да се движите надвор за добро да се испотите“.

Во саботата, Шангајската метеоролошка опсерваторија извести дека градот 40 дена годинава забележал температура повисока од 40 Целзиусови степени, а врвот е достигнат денеска со дури 40,9 степени.

Минатата недела кинеската метеоролошка управа предупреди дека просечните температури во земјата се зголемиле многу побрзо од глобалниот просек во последните 70 години и ќе останат значително повисоки во иднина поради климатските промени.

Невообичаено високи температури го зафатија поголемиот дел од Европа.

Франција, Шпанија и Португалија се опустошени од големи шумски пожари, а делови од Англија оваа година се соочуваат со голема суша. Серијата топлотни бранови ги потврдуваат предупредувањата на научниците дека светот се соочува со последиците од климатските промени.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет