Утрински Весник
Свет

Над 30 милиони луѓе се вакцинирале во Велика Британија

Над 30 милиони луѓе се вакцинирале во Велика Британија

Повеќе од 30 милиони луѓе во Велика Британија досега примиле прва доза од вакцината против Ковид-19.

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок напиша на Твитер дека тоа е „феноменално достигнување“, објави Би-Би-Си.

Според Англиската здравствена служба (ХСЕ), првата доза на вакцината била дадена на 25.651.406 лица во Англија. Во Шкотска, првата доза на вакцината ја примиле 2.385.709 лица, во Велс 1.387.583 и во Северна Ирска 726.589 лица.

Вкупниот број на луѓе кои ја примиле првата доза на вакцина во Велика Британија е 30.151.287.

Можете да прочитате

Рубио: Многу сме разочарани од НАТО

Американската армија на Блискиот Исток е во зголемена подготвеност

По Белгија, и Австрија и Италија отворија истраги за „снајпер-туристите“ во опколеното Сараево