Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Над 3.000 граѓани за два дена се вакцинирале со трета доза

Над 3.000 граѓани за два дена се вакцинирале со трета доза
Img 7972

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 5.556 дози вакцини, од кои 950 се аплицирани како прва доза, 1.124 се ревакцинирани, а 3.482 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, ревакцинирани се 775.825, а трета доза примиле 30.852 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можете да прочитате

УЈП суспендираше инспектори поради сомнежи за поврзаност со трагедијата во „Пулс“

Незгода со глисер на суво во Охрид (ФОТО)

Обиени паркомати во ГТЦ, Клиника и катна гаража