Утрински Весник
Свет

Над 200 службеници на ОН во Сирија заразени со Ковид-19

Над 200 претставници на ОН во Сирија се заразени со Ковид-19, соопштија вработени во организацијата.

„Од заразените некои се хоспитализирани, а тројца се медицински евакуирани“, вели висок претставник на ОН во писмо до Ројтерс.

Хуманитарните работници изразија загриженост дека реалниот број на случаи е значително поголем, бидејќи станува збор за стотици вработени во невладини организации кои ги надгледуваат најголемите хуманитарни акции во земјата.

Координаторот на ОН, Имран Риза, во писмото наведува дека за два месеци е зголемен десеткратно бројот на заразени.

Обединетите нации изразија загриженост за ширењето на коронавирусот во земја во која здравствената инфраструктура е уништена од војната, а медицинскиот материјал е ограничен.

Од 23 март, според Министерството за здравство, во земјата пријавени се 3.171 случаи на заразени и 134 смртни случаи. Независни медицински работници тврдат дека властите ја прикриваат реалната состојба и оти многу лекари и здравствени работници во Сирија починале во последните неколку недели. Властите го негираат ова, но признаваат дека тестирањето е ограничено.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk