Утрински Весник
Македонија

Над сто килограми марихуана пронајдени во пловен објект на Охридското Езеро

Над сто килограми марихуана пронајдени во пловен објект на Охридското Езеро
Dik 300x250 mk

Охрид, 30 јуни 2020 (МИА) – Над сто килограми марихуана била откриена утрово во пловен објект на брегот на Охридското Езеро, во близина на регионалниот пат Охрид – Струга кај местото викано „Рампа“.

Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид појасни дека дрогата била откриена и запленета во координирана акција на припадници на СВР – Охрид со службеници од Одделението за прекуграничен криминал странци и реадмисија – Регионален центар за гранични работи „Запад“ при Бирото за јавна безбедност.

Настанот е документиран од страна на увидна екипа на СВР Охрид, а по собирање на доказниот материјал во координација и по насоки на ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава против лица за кои полицијата има сознанија дека се сторители на делото. аб/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!